Кинескиот технолошки гигант „Lenovo“ претстави прототип на нов лаптоп со проѕирен екран на „Mobile World Congress“ (MWC) во Барселона.
Лаптопот има таканаречен „trackpad“, со тастатура која е чувствителна на допир и пенкало за цртање или навигација, јавува „CNN“.
Компанијата ги демонстрираше можностите на лаптопот со поставување на вештачки сончоглед зад екранот, а камерата вградена во уредот можеше да го идентификува објектот како сончоглед и да обезбеди информации за него користејќи технологија за вештачка интелигенција (AI).
Според претставникот на „Lenovo“, новиот лаптоп би можел да се користи и при дизајнирање.
Ако архитект планира продолжување на куќата, тој може да го види предметот преку екранот и да користи молив за да го нацрта својот дизајн. Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона се одржува од 26-ти до 29-ти февруари и е еден од најголемите самити од ваков вид во светот, според веб-страницата „MWC“.