Денот му започнува пред 4 часот наутро и првата работа што ја прави е да чита коментари од корисниците на Apple. Тоа трае цел еден час за потоа да се упати во теретана кадешто вежба околу 60 минути.
Извршниот директор на највредната компанија во светот "Apple", Тим Кук, во интервјуто за "Axios" открива дека секое утро се буди во 4 часот.
Но, она што го прави следно може да ве изненади – тој чита е-пошта од корисниците на "Apple" речиси цел час.
Потоа, оди во теретана и вежба околу еден час што му помага, како што вели тој, да го редуцира нивото на стрес.
Се будам од спиење нешто пред четири часот и првиот буден час сакам да го потрошам на читање коментари од корисниците на “Apple” и да се фокусирам на нивното мислење бидејќи фидбекот е една од најважните работи за нас како компанија. Потоа, одам во теретана и вежбам околу еден час – активност која ми помага да го намалам нивото на стрес, вели Тим Кук во интервјуто кое исто така се осврна на зависноста од технологијата, регулацијата и подобрената реалност.
Во моментот кога утринската рутина на Тим Кук ќе заврши, Калифорнија се буди и тој е подготвен да го започне својот ден – кој наводно, вклучува одговарање на околу 800 пораки што ги добива секој ден. Тој вели дека мнозинството од пораките ги чита, а познато е дека Кук сака да им праќа пораки на своите вработени дури и надвор од работното време.
Во однос на спиењето, претпочитува седумчасовен сон во текот на ноќта, што значи дека тој вообичаено легнува во 20.45 часот за да може да стане толку рано.