„Google Maps“ е добар кога треба да најдете кафуле, музеј или друг објект. Сепак, дури и кога ќе стигнете до зградата, работите може да станат збунувачки.
Затоа од компанијата решиле да тестираат нова функција од апликацијата „Google Maps“ – наскоро ќе се покаже точно каде е влезот на некој објект.
Новинарите од сајтот „Android Police“ ја тестираа оваа функција и рекоа дека влезот се прикажува само кога објектот е избран на мапата и кога е доволно зумирано. Како што објаснуваат, влезовите на зградите изгледаат како бели кругови со симбол за, погодувате, влез нацртан на нив.
Се чини дека ова тестирање е ограничено само на многу тесен круг на корисници – конкретно, во овој случај беше испробано во верзијата 11.17.0101 на апликацијата на телефонот „Google Pixel 7a“, но истата опција не се појави на други уреди и континенти.
„Google“ веројатно сè уште собира влезни информации бидејќи тестирањето штотуку започна, и иако не се појавува на вистинската точка за некои места, најголемиот проблем е со помалите капацитети. На некои места, наместо со кругови, влезовите се означени со зелени стрелки.
Функцијата сѐ уште е во рана фаза, па се уште не се знае кога ќе се појави на глобално ниво, а со тоа и кога ќе дојде кај нас. Како и да е, ќе биде многу корисно за да не лутаме низ некоја зграда барајќи влез, што често и се случува.