На инстаграм профилот на @geografija_insta се појави интересна мапа со необични имиња на села и населби во поранешна Југославија, а некои од нив се навистина бизарни.
Неколку од местата обележани на мапата се наоѓаат во Македонија. Дали ги знаете сите?
Гачице, Грудњак, Пишница, Задњица, Педрово, Доње Бријање, Дупељево, Гази Баба, Прдејци, Пичодер, Сисојевац, Туцање, Стењевац, Мозгово, Женодрага, Свињишта, Тишина, Чинги-Линги, Ништавци и Кокошари.
Следбениците во коментарите додадоа список со бизарни имиња, а Пичковци, Главати, Подгаќе, Пишмањак, Доње и Горње Гнојнице, Цепидлаке, Доња Батина, Душикраве, Чмарци и Злосела се само некои од нив.