Постојат луѓе кои се доказ дека не секогаш ти треба диплома за да имаш успешна кариера. Ова се некои од најбогатите и највлијателните луѓе во светот кои "спијат" на милиони, а никогаш не успеале да си ја земат факултетската диплома.
Бил Гејтс
Гејтс две години студирал на Харвад пред да замине и да го изгради тоа што денес сите го знаат како Мајкрософт. Дневниот студенски весник на Харвард, "The Harvard Crimson", го опишал Гејтс како "најуспешниот студент што ги напуштил студите на Хардвард". Денес тој е најбогатиот човек на планетата.
Марк Зукенберг
И Марк бил студент на Харвард, но исто така решил да го напушти факултетот за да ја основа најголемата социјална мрежа - Фејсбук. Според книгата "The Facebook Effect", на Зукенберг му требале само пет минути за ја донесе одлуката и да се откаже од факултетот. Денес тој е петтиот најбогат човек на светот.
Џулијан Асанж
Пред да стане контроверзен компјутерски хакер, Асанж студирал математика на Универзитетот во Мелбурн. Се откажал од факултетот на само 19 години.
Лари Елисон
Денес Елисон е познат како основачот на Oracle и софтверски милијардер. Додека растел неговите посвојувачи го охрабрувале да биде доктор. Лари решил да ги послуша, но откако имал проблеми со медицинските курсеви, решил да се откаже. Денес неговото богатство се проценува на над 55 милијарди долари.
Еван Вилијамс
Вилијамс пораснал на фарма во Кларкс, Небраска. Започнал со студии на Универзитетот во Небраска и после три семестри решил да го напушти факултетот. Вилијамс бил фриленс програмер за Newlett-Packard и Intel пред да почне да работи во Google. Подоцна тој ја напуштил својата работа таму за да го изгради Твитер и да стане милијардер.
Јан Коум
Имигрантскиот претприемач Коум се откажал пред дипломирањето. Работел за Yahoo пред да ја измисли неверојатно популарната апликација за праќање пораки WhatsApp.
Џон Макеј
Пред да се откаже од факултетот и да позајми 45 000 долари за да отвори продавница за здрава храна наречена SaferWay, Џон студирал религија и филозофија на Универзитетот во Тексас. Денес тој вреди преку 100 милиони долари.