Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33 отсто во однос на одлуката од 22.3.2024 година.
Од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 85,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 87,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 44,776 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.3.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.