
Поради спуштање на постуден воздух од север ќе се задржи облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег со слаб до умерен интензитет. Попладне врнежи од снег се очекуваат и на некои пониски места.
Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.
Во четврток ќе биде студено, на места со слаб снег, а во петок се очекува намалување на облачноста.