Ако многу познатите лица гравитираат кон „iPhone“, изгледа дека милијардерите – кои сочинуваат 1% од луѓето на светот – му даваат предност на „Android“, со неколку исклучоци. Порталот „Phone Arena“ составил листа од некои од најбогатите поединци на светот и навел кој телефон го користат.
Бил Гејтс – „Samsung Galaxy Z Fold 5“
Ко-основачот на „Microsoft“, чија нето вредност изнесува 124 милијарди долари, моментално користи „Galaxy Z Fold 5“, а пред тоа користел „Z Fold 4“ и „Z Fold 3“. Изгледа дека носењето на поголем телефон кој постојано треба да биде отворен не му пречи, ако тоа значи дека има моќен уред при рака.
Марк Закерберг – „Samsung Galaxy S23 Ultra“
Марк Закерберг, еден од четворицата најбогати луѓе на светот, честопати е виден како користи „Samsung Galaxy S23 Ultra“ минатата година. Можно е во меѓувреме да преминал на поновата „S24 Ultra“ верзија. Но, очигледно е дека овој милијардер преферира „Samsung“ модели во однос на тоа што го нуди „Apple“.
За разлика до Бил Гејтс, изгледа дека Закерберг преферира потрадиционален облик на телефон наместо склоплив дизајн, иако и неговиот телефон има специфичен додаток – вградено пенкало. Но, претпоставката е дека тоа не е причината за неговиот избор, туку веројатно го барал најдобриот „Android“ телефон и така завршил споменатиот модел.
Џеф Безос е мистерија
Џеф Безос, основач и извршен директор на „Amazon“, чија нето вредност изнесува 190,9 милијарди долари, не кажал јавно кој телефон го користи. Но, некои извори тврдат дека моментално користи „Google Pixel“ или „Samsung Galaxy“, иако „Phone Arena“ смета дека не користи ниеден од нив.
Наведуваат дека во 2020-та година користел „iPhone“ кој бил хакиран преку „WhatsApp“ и дека тој настан го навел да премине на „Android“. „Phone Arena“ смета дека користи некој послаб модел на база на „Android“ или телефон посебно направен за него, или барем софтвер.
Илон Маск е исклучок и изгледа дека користи „iPhone“
Не користат баш сите најбогати луѓе на светот исклучиво „Android“. Илон Маск, извршен директор на „Tesla“ и „SpaceX“ и сопственик на „X“, чија нето вредност изнесува 205,2 милијарди долари, е виден како користи и „iPhone“ и „Samsung Galaxy“ во последните неколку години.
Но, изјавил дека преферира „iPhone“ и наводно моментално го користи. Меѓутоа, кружат и некои информации кои сугерираат дека Маск еден ден би можел да лансира сопствен телефон, „Tesla Pi“.
Ворен Бафет – „iPhone 11“
Ворен Бафет можеби е име со кое не сте доволно запознаени, но тој исто така е меѓу 10-те најбогати луѓе на светот. Овој 93-годишен инвеститор моментално вреди 133,3 милијарди долари. Со оглед на неговата возраст и подрачје на делување, не е изненадување дека не е многу заинтересиран за паметни телефони како претходно споменатите милијардери.
Всушност, познато е дека многу години користел стандарден телефон на преклоп, познат и како „глупав телефон“, пред Тим Кук да го убеди да почне да користи „iPhone“, праќајќи му ги бесплатно. Најновите извештаи сугерираат дека Бафет сè уште користи „iPhone 11“ од 2019-та година.
Изгледа дека милијардерите во главно бираат меѓу „iPhone“ и „Samsung“
Изгледа дека, како и повеќето обични луѓе, и милијардерите бираат меѓу „iPhone“ и „Samsung Galaxy“. Но, за разлика од повеќето обични потрошувачи, некои од најбогатите луѓе преферираат специфични модели на „Android“ со одредени додатоци.