Денес тешко е да се замисли животот без апликацијата Google Maps. Помнењето на патиштата и принтањето на мапи за возење се чини како далечна меморија. Сега било која локација во светот е достапна со само еден клик. Популарниот софтвер на Гугл крие неколку трикови кои можат да ви бидат од голема помош, а до сега не сте знаеле дека ви стоеле на располагање.
Додадете повеќе дестинации
Google Maps обично ве носи од точката А до поскауваната точка Б. Но, многу лесно е да додадете дополнителна дестинација на вашето патување. Се што треба да направите е во прелистувачот да ја притиснете иконата "+" под вашата дестинација. На Андриоид или iOS кликнете на трите хоризонтални точки во горниот десен агол за да ви се прикаже опцијата мени и потоа изберете "додај стоп".
Измерете го растојанието
Доколку ја користите апликацијата преку вашиот интернет пребарувач тогаш лесно можете да го измерите растојанието помеѓу двете локации. Изберете десен клик некаде на мапата и изберете "мерење на растојание". Потоа, кликнете на било кое друго место за да видите колку е далеку.
Употребувајте ја апликацијата и без пристап до интернет
Доколку патувате и знаете дека нема да имате пристап до интернет, можете пред време да ја превземете мапата од областа. Најпрво, повлечете ја локацијата на вашиот телефон. Потоа, отворете го менито и изберете ја опцијата "offline maps" за да ја зачувате. Кога ќе пристигнете, ќе можете да ја видите картата, па дури и да ја следите вашата локација благодарение на GPS-от.
Видете ја целата Google Maps историја
Апликацијата ве следи каде и да отидете и тие информации можете да ги погледнете секогаш кога ќе посакате. Отидете на оваа веб страница за да ја видите деталната мапа на сите места на кои некогаш сте биле. Доколку не ви се допаѓа ова "следење", можете да кликнете на опцијата "управување со историјата на локацијата" и истата да ја исклучите.
Запомнете каде сте го паркирале автомобилот
Следниот пат кога ќе го паркирате вашиот автомобил стартувајте ја апликацијата и допрете ја сината точка што ја покажува вашата локација. Откако ќе ви се појави менито изберете "постави како место за паркирање" и оставете маркер на мапата за подоцна. На овој начин, лесно ќе можете да го најдете вашиот автомобил.
Споделете ја вашата локација со пријателите
Доколку се сретнувате со пријатели оваа опција ќе им го олесни следењето на вашето движење. Отворете ја апликацијата на iOS или Android, кликнете на менито со опции (кое се наоѓа во горниот лев агол) и изберете "споделување на локација". Од тука ќе можете да одлучите со кого ќе ја споделите.
Подобрете го возењето со велосипед
Нема ништо полошо од неочекувана препрека на патот додека возите велосипед. Следниот пат, ставете ја вашата рута во апликацијата и побарајте насоки за велосипеди. Ќе видите графикон кој ќе ја покажува секоја стрмнина на секој дел од вашето патување. На овој начин, во иднина ќе можете да ги избегнете сите тие непланирани пренасочувања.