Лејди Гага, Барак Обама, Бил Гејтс, Пол Мекартни и Џастин Бибер имаат нешто заедничко со Џими Хендрикс, Џуди Гарланд и Дејвид Боуви – сите се левораки. Таа уникатна особина ја имаат и околу 10% од светската популација. Прашањето зошто некои луѓе повеќе ја користат својата лева рака и понатаму е тема на активни научни истражувања.
Една неодамнешна студија објавена во списанието Nature Communications го расветли генетскиот аспект на леворакоста. Научниците идентификувале ретка варијанта на генот познат како TUBB4B, кој игра улога во контролата на формата на клетките. Тие варијанти се значителни 2,7 пати почести кај левораките поединци, нудејќи увид во генетската подлога и ориентацијата на користењето на примарната рака.
Кај најголем дел од луѓето левата хемисфера ја контролира доминантната десна рака. Релевантните нервни влакна се движат од лево на дсено во долниот дел на мозокот. Кај левораките поединци десната хемисфера ја контролира доминантната рака, појаснува неуробиологот Клајд Френкс од Институтот за психолингвистика Макс Планк.
TUBB4B влијае на процесот на интеграција на протеините витални за клеточната структура наречена микротубули. Франск сугерира дека тие микротубили може да имаат клучна улога во воспоставувањето асиметрија на мозокот, која диктира која рака ќе биде доминантна.
Базирана на генетски податоци од над 350.000 луѓе на средна и постара возраст од базата на податоци Biobank во Велика Британија открива интригантни увиди. Додека 11% од учесниците биле левораки, преовладувањето на леворакоста варира глобално, под влијание на културните фактори и факторите на средината.
Мислиме дека најголем дел од случаите на леворакост се јавуваат едноставно поради варирањето во текот на развојот на ембрионалниот мозок, без специфични генетски или амбиентални фактори, објаснува Франкс.
Освен наведените апликации, студијата укажува и на потенцијалната врска меѓу асиметријата на мозокот и психијатриските особини. Поединци со здравствени состојби како шизофренија или аутизам поверојано е дека се левораки или да ги користат и двете раце еднакво, што укажува на заеднички генетски патишта.