Грчкиот Кариби со својот неочекуван шарм ги привлекува љубопитните погледи, а исто така може да се пофали и со недопрените плажи, тиркизната вода и мирен амбиент на одредени делови од островот.
Во срцето на Јонското море, се наоѓа островот Лефкада, скриена скапоценост која нуди егзотичен амбиент и неверојатна природна убавина.
Главната атракција на Лефкада несомнено се нејзините плажи кои ја будат фантазијата кај оние кои имаат среќа да го истражат овој живописен остров.
Така посетителите можат да уживаат на песочните и карпести крајбрежја, опкружени со неверојатна природа.
Восхитувачката тиркизна вода на Лефкада исто така делува речиси нереално, наведува „Express“.
Плажи како од разгледници
Најпознатите плажи на островот Лефкада се Егремни, Порто Кацики и Катизма над кои се издигнуваат високи карпи. Препознатливи се по својот бел песок којшто блеска под неверојатното јонско сонце.
Кристално чистата, тиркизна вода создава неверојатен контраст во однос на дивиот природен пејзаж којшто го карактеризира островот.
Покрај овие три најпопуларни локации, на Лефкада исто така може да уживате и на бројните други плажи кои едноставно се неодоливи.