Кинезите кои немаат можност да патуваат во Санторини во Грција добија своја реплика на познатиот остров.
Кинескиот Санторини се наоѓа во југозападната провинција Јунан.
Одморалиштето „Дали, земјата на соништата“ (Dali, The Dream Land) е изградено на страната на планинскиот венец Кангшан кој гледа на езерото, издигнувајќи се на нивоа со бели апартмани и сини базени, неговата архитектура ги имитира тесните и кривулести улици на Санторини кои изобилуваат со цвеќиња.
„Санторини од Али експрес“, како што го нарекоа, се простира на површина од 370 хектари, а инвестицијата чинеше дури осум милијарди јуани.
Идејата се покажа како одлична, бидејќи туристите буквално го окупираа ова место во последните неколку месеци. Копијата на Санторини стана хит меѓу инфлуенсерите на социјалните мрежи, но и на младите парови кои сакаат совршени свадбени слики.