Навикнати сме ја комбинираме храната што ја јадеме: овошје во салати, сирење со месо, млеко со овошје и слично. Но, дали знаете дека овие комбинации се штетни за вас и вашиот стомак? Ваквиот начин на конзумирање на храна може да ве натера да се почувствувате надуено, летаргично или да доведат до болка во желудникот, гадење и замор.
Храна и вода/сок
Пиењето вода или сок заедно со оброкот е една од најтоксичните комбинации. Водата ги разредува стомачните киселини и ја намалува нивната ефикаснот во разградувањето на протеините, јаглехидратите и мастите. Најдобро е да пиете вода 10 минути пред оброкот. На овој начин ќе се заштитите од прејадување и разредување на стомачните ензими.
Овошје и храна
Ова исто така е една од полошите комбинации што можете да ја направите. Овошјето е храна што брзо поминува низ дигестивниот систем, но на овој начин се задржува во системот и шеќерот што е содржан во него започнува да ферментира.
Јаглехидрати и протеини од животинско потекло
Кога јадете јаглехидрати со протеини (како што е месото со компири или леб) вие всушност правите голема грешка. Оваа комбинација води кон надуеност и потешкотии во стомакот.
Јогурт и овошје
Јогуртот содржи многу бактерии кои дејствуваат на шеќерот присутен во овошјето. Ова може да резултира со појава на токсини, настинка и алергии. За да го избегнете овој проблем, користете јогурт без вкус на собна температура и мешајте го со мед, цимет или суво грозје наместо свежо овошје.
Сирење и месо
Овие намирници се полни со протеини што ги прави сами по себе тешки за варење. Наместо тоа, додадете повеќе зеленчук во комбинациите и не претерувајте со сирењето.
Банана и млеко
Мал е бројот на луѓе кои не ја сакаат оваа комбинација. Но, треба да знаете дека овие две состојки конзумирани заедно му создаваат вистински проблем на вашиот стомак. Доколку не можете да и одолеете на оваа комбинација, пробајте да додадете морско оревче или цимет за да го стимулирате дигестивниот систем.
Домати и тестенина
Ниту една тестенина не е целосна без домати, сирење или месо. Но, и тука станува збор за комбинација која му прави вистински хаос на дигестивниот систем. Доматот има киселини кои го ослабнуваат ензимот што се наоѓа во тестенината. Месото и јаглехидратите прават комбинација која многу тешко се вари. Најдобро е да се држите до песто сосот за да избегнете замор после оброкот.