Во некои од мемињата кои кружат по социјалните мрежи се споредува времето од осумдесетите, деведесеттите и двелјадитите години со денес. Во една од тие споредби се вели дека порано во рестораните јадевме храна, а денес ја фотографираме.
Тоа и не е далеку од вистината затоа што се почесто гледаме луѓе кои ја фотографираат храната пред да им ја послужат и да почнат да јадат. Се разбира, се објавуваат фотографиите и постојано се проверува кому му се допаднала фотографијата и кој коментирал. Исто така, се проверуваат други портали и слично, па добар дел од времето, наместо во разговор со пријателите или партнерите, се поминува пред екранот на телефонот.
Но, во еден италијански ресторан сакаат да стават крај на таквата пракса и сакаат луѓето додека уживаат во рханата и пијат уживаат во разговорот со други луѓе, наместо да гледаат во телефонот. Затоа имаат понуда која многу посетители нема да можат да ја одбијат.
Имено, кога ќе влезете во ресторанот Ал Кондомино во Верона, ќе можете телефонот да го заклучите во посебна кутија за која ќе добиете клуч, а кога на кленерот ќе му го покажете клучот, тој ќе ви донесе бесолатно шише вино.
Како што објаснува сопственикот Анџело Лела, сакал да отвори ресторан кој ќе биде понаков од другите ресторани, а идејата воопшто не е лоша. Технологијата навистина станува проблем и нема потреба секои пет секунди да гледаме во телефонот, но за многумина телефоните се како дрога, објаснува Лела.
Многумина за бесплатно шише вино сигурно ќе се откажат од својот телефон, а којзнае, ако им се допадне, можеби тоа ќе им стане навика додека јадат во ресторан и нема да гледаат во телефон. Што се однесува на ресторанот Ал Кондомино, речиси 90% од гостите се одлучуваат да го заменат телефонот за шише вино.