Без разлика на бројните нови серии и филмови кои секојдневно се прикажуваат на телевизија и на различни платформи, многу луѓе често се враќаат да гледаат епизоди од нивните омилени серии.
Иако веќе знаете што ќе се случи, сакате да ja гледате и повторно да го живеете дејството на таа серија. Тоа е затоа што вашата омилена серија ќе ве смири и ќе направи да се чувствувате подобро. Самото слушање на почетната музика на серијата има смирувачки ефект, па затоа не треба да чуди кога луѓето возбудено чекаат да започне серијата.
Психологот Памела Ратлиџ верува дека копнееме по предвидливоста што ја нуди нашата омилена серија со едноставен заплет, што ги прави толку лесни за гледање.
„Пријатели“, „Вовед во анатомија“, „Канцеларија“, „Теоријата на Биг Бенг“, „Како ја запознав мајка ти“, „Хаус“ се само дел од сериите кои луѓето со големо задоволство ги гледаат од почеток. Многу е поедноставно повторно да ја гледате истата серија, отколку да барате нова меѓу илјадниците опции кои денес ги нудат различни платформи како Netflix, Disney+ и HBO.
„Науката за повторно гледање е едноставна и интуитивна. Бараме познати стимули наместо непознати за време на стресни времиња. Сметаме дека е утешно и охрабрувачко, гледањето работи што веќе сме ги виделе е лесно за мозокот и го намалува вашето когнитивно оптоварување. Може да стане навистина терапевтски, особено ако се чувствувате вознемирено“, објасни психологот Ратлиџ.
Таа ги охрабрува страствените гледачи на серии да обрнат внимание на тоа како точно се чувствуваат кога сакаат да ја гледаат својата омилена серија бидејќи тоа ќе им помогне да формираат свои размислувања за тоа.