Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, вчера се сретна со регионалниот директор за продажба на компанијата Ербас за Источна Европа, Александар Бојаниќ.
- На средбата со регионалниот директор за продажба на компанијата Ербас за Источна Европа, Александар Бојаниќ, со кого разговарав за воведување на летечки такси, кои планираме да ги користиме како нов начин на транспорт за време на специјализираната изложба Експо 2027 во Белград, напиша Мали на Инстаграм.
- На оваа работа пристапивме сериозно и затоа се договоривме да потпишеме Меморандум за разбирање со компанијата Ербас во однос на развојниот проект на т.н. Воздушна мобилност, која подразбира употреба на мали, високо автоматизирани авиони, на помали височини во градски средини, по што ќе ја спроведеме и сертифицираме студијата, се наведува во соопштението.
Подготвени сме да користиме нови технологии и мислам дека е важно да бидеме во чекор со времето во оваа смисла, особено имајќи предвид дека ќе бидеме домаќини на една од најголемите изложби во светот, каде што е важно да се презентираат современите иновации - напиша министерот Мали на неговиот официјален Инстаграм профил.