На огласи се бараат куќни помошнички и тоа најчесто за работа во Скопје. Како што е наведено во огласите, бараат жена која ќе се грижи за домот, ќе готви и ќе ја одржува хигиената. За ваквите работни места обично бараат жени кои веќе имаат искуство, кои се одговорни и флексибилни.
Ги консултиравме луѓето кои се во потрага по куќни помошнички и тие велат дека им требаат жени за одржување на домот, затоа што или се презафатени со работни обврски или имаат стар родител кој не е во состојба сам да готви, пегла, чисти. Дополнително, се случува и жените кои имаат близнаци, да побараат куќна помошничка која ќе им помогне околу обавувањето на домашните обврски.
Има огласи во кои се бара куќна помошничка за 3 дена работа во неделата или за 6 дена. Платите варираат. Некои од луѓето кои бараат куќни помошнички, нудат плаќање по работен час.
„Немам најдено уште. Дали луѓето не се задоволни од надоместот, не знам. Денеска живееме во време кога бркаме кариера, чуваме деца, не може сè да се постигне и реално имаме потреба од такви жени. Имаме квантитет, но немаме квалитет. Не сакам да дискриминирам, но ромската популација најчесто се јавува на вакви огласи. Немаме некоја конекција како што јас морам да си ги почитувам обврските на работното место. Пазарна економија, секој си бара повеќе. Сум имала ситуација, сум ја пријавила жената, а не се појавува на работа со некои изговори. Имам пријател кој бараше помошничка да се грижи за неговиот татко, но на крајот мораше тој самиот да се грижи за него“, вели скопјанка.
Целиот текст можете да го прочитате на faktor.mk