Овен
Имате можност да е истакнете во работата со некој Лав или Стрелец кои се доминантни кон вас, но сепак вашето искуство ќе биде повеќе ценето. Не се нервирајте ако некој Јарец ви даде големи забелешки, неговите намери се добри. Можен е контакт со поширокото семејство.
Бик
Влијателни сте и вие тоа добро го знаете. Ќе постои можност за добивка во врска со работата со странци. Родените на крајот на знакот ќе добијат неочекувана понуда од некој Овен или Стрелец. Сакате некои нерешени нешта од минатото да ги прикриете од околината.
Близнаци
Кај вас ќе постои огромна желба да се истакнете. Можно е да добиете добра понуда од некој за кој не сте сметале дека може да ви помогне, прифатете ја без двоумење. Потребна ви е емотивна поддршка, побарајте ја кај пријателите.
Рак
Не се потпирајте премногу на мислењето на некој Јарец или Шкорпија бидејќи нивното мислење не ви одговара за ситуацијата. Ќе бидете доста активни, а можна е и појава на нервоза доколку сте родени во последната декада. Со некој ваш потег ќе навредите некоја драга личност.
Лав
Имате многу идеи и ќе добиете прилика да разговарате за можностите кои се поврзани со реализирањето на тие идеи. Некој Овен, Јарец или Стрелец ќе ви помогнат околу тоа. Од многу соработници ќе слушнете негативни коментари, но вие не им замерувајте, сето тоа е добронамерно. Имате начин како да дојдете до поголема сума на пари, не се откажувајте обидете се.
Девица
Ќе бидет многу расположени максимално да се активирате во доменот на бизнисот, спортот или некоја работа поврзана со странство. Ќе добиете прилика да се договорите со Риби или Рак околу важните детали кои исклучително ве засегаат. Чувајте го здравјето, можни се настинки.
Вага
Обидете се да го решите проблемот кој многу ве оптеретува подолг период и поради кој долго време не напредувате. Ќе добиете прилика да се смирите со некој кој одамна не комуницира со вас. Некој Јарец или Лав може да ви помогнат многу.
Скорпија
Ова е еден од подобрите денови за вас бидејќи ќе имате прилика да разговарате со некои за вас блиски лица за многу важни работи кои се однесуваат на вашиот статус. Во разговорите ќе биде вклучено и семејството, па затоа искажете ги вашите очекувања. Ќе бидете поддржани во постапките. Финансиската ситуација е одлична, задржете ја таква.
Стрелец
Ќе имате големи побарувања за многу нешта и нема да имате трпение да ги чекате да се остварат. Сето тоа ќе ви донесе кавги со околината. Многу лица јавно ќе ве осудат за постапките и алчноста. Некои Близнаци или Девица се премногу напорни за вас, разговарајте искрено со нив.
Јарец
Ќе бидете подготвени за компромис и договор со некој Стрелец, со кој веќе подолго време планирате заедничка инвестиција. Можеби некои ваши постапки ќе бидат избрзани, но ќе го надминете и тоа. Во љубовта ситуацијата е одлична, можен е премин на нешто посериозно.
Водолија
Имате премногу планови но всушност сте премногу опуштени или несигурни во себе и се сомневате дали е можно вашите планови и соништа да се остварат. Би требало да бидете подготвени на секој вид предизвик, особено кога станува збор за соработка со Стрелец, Лав или Шкорпија. Некој Јарец ќе ви даде одличен совет.
Риби
Не знаете што треба да направите во врска со некои нови понуди кои за вас се голем предизвик, но сепак со помош на партнерот ќе најдете одлично решение. Ако сте подготвени да ризикувате, ви претстои некој план со Стрелец или Лав. Можен е повик од некој кој многу го цените а не сте го виделе одамна.
извор: press24.mk