Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година изнесува 39.276 денари, објави Државниот завод за статистика. Оттаму соопштија и дека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 58.967 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 %), Административни и помошни услужни дејности (22.5 %) и Уметност, забава и рекреација (20.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10.1 %), Рударство и вадење на камен (7.2 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 39 276 денари.
Проверете ја платата за вашата позиција на МОЈА ПЛАТА