Во Финска собирач на малини за килограм собрани плодови заработува скоро 4 евра додека пак за истата работа во регионот не може да се заработи ниту третина евро.
Собирач на малини во Финска на дневно ниво, во просек, може да собере околу 50 килограми, што значи дека за еден ден со ова занимање може да заработите дури 200 евра.
Со оваа работа во Финска се занимаваат воглавно невработени жени, но и деца кои немаат никакви обврски во текот на сезоната за собирање на овие плодови.
За килограм набрани јагоди во истата земја може да се добие 2.8 евра.
Наскоро започнува бербата на праски, кајсии и вишни, а подоцна и на јаболка и круши, што во оваа земја претставува исплатлива сезонска работа.
На сезонска работа во Финска одат најмногу Украинци, Полјаци, Руси, Шпанци, Грци, Хрвати и Бугари, но меѓу нив има и Македонци.