Користењето рефлективна боја која помага да се намали загрвањето на нашата планета не е ништо ново, но еден позначителен експеримент покажа какви ефекти може да има таквата боја.
Имено, истражувачи од Технолошкиот универзитет Нанјанг обоија кровови, ѕидови и патеки во индустриската боласт на Синапур со боја која ги рефлектира сончевите зраци. Оваа студија е прва од ваков тип во светот, а е објавена во весникот Sustainable Cities and Society во март годинава.
Студијата покажа дека бојата може да биде главната алатка во претворањето на урбаните средини во средини удобни за работа и во разладувањето на планетата. Се досега студиите за рефлектирачки бои се базраа на симулација или беа од многу помали размери. Истражувачите од NTU решиле да го истражат ефетот врз реалниот свет.
Со обојување на цела област од градот со рефлектирачка боја тие можеле да ги споредат температурите и удобноста за работење со соседната област која не била обоена. Истражувачите го мереле движењето на воздухот, влажноста и радијацијата во период од два месеци. Откриле дека во обоената област имало 30% намалување на топлината која се испушта од градбите. Тому затоа областа била 2 степени Целзиусови поладна во најтоплиот дел од денот.
Бојата, која во себе содржи адитиви кои ја рефлектираат сончевата топлина,бојата успешно ја намалила апсорпцијата на топлина и емисијата на истата. Крововите обоени со бојата рефлектирале 50% повеќе сончева светлина и апсорбирале до 40% помалку топлина, дури и во најтоплиот период од сончевите денови во споредба со конвенционалните кровои. Исто така, областа станала попријатна за пешање.
Оваа студија ќе биде корисна за градовите кои сакаат брз и евтин начин за борба против штетните ефекти на глобалното затоплување. Исто така, со обојување на зградите со рефлектирачка боја, ќе се намали и трошокот за електрична енергија за клима уреди во внатрешноста на зградите.
Наредно истражувачите од Универзитетот Нанјанг ќе ги тестираат ефектите на рефлектирачката боја на подолг временски период.