Центарот за управување со кризи превентивно информира дека поради пуштање во употреба на нова водоводна мрежа вечерва се најавува планиран прекин на водоснабдувањето во Сарај и во делови од Центар, како и во делови од Ѓорче Петров – во реони каде што има и болници, а без вода ќе биде и Вила Водно и повеќе амбасади.

Од ЦУК велат дека заради реализација на оваа реконструкција се очекува намалување на притисокот на водоснабдувањето за граѓаните во општина Сарај и дел од општина Ѓорче Петров.
Утре, сабота, во ист период, од 21 часот до 5 часот наутро во недела, ќе се спроведе и реализација на реконструкција на водоводна мрежа во Центар и тоа реон Водно, со чија реализација и целосна замена на старата со нова мрежа ќе се овозможи подобро водоснабдување за граѓаните во овој дел на градот без дефекти и загуби на вода.
Во текот на изведбата на оваа реконструкција, прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од жителите од реон Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно.
За покривање на потребите за вода за пиење во здравстевните установи цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички Центар „Мајка Тереза“ и Детската болница „Козле“. Исто така цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во Дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните од реоните Сарај и Водно во периодот од 21 до 5 часот, информираат од ЦУК.