Првите 190 патници пристигнаа денес на охридскиот аеродором со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер.
Со слетувањето на охридскиот аеродром, нашите британски гости, желни за истражување и откривање, ја започнаа својата незаборавна авантура во историскиот и живописен регион на Охрид. Со два лета неделно, до крајот на септември голем број патници ќе имаат можност да уживаат во својот летен одмор и да создаваат спомени покрај Охридското Езеро, велат од ТАВ Македонија.
На 20-ти мај преку тур-операторот ТУИ пристигна во Охрид и првата група од 138 туристи од земјите на Бенелукс со чартер-лет од Амстердам. Предвидено е во текот на летната сезона до крајот на септември агенцијата ТУИ да реализира 62 лета до Охрид, со можност за воведување дополнителни летови зависно интересот.
На 12 мај, исто така, со лет од Амстердам допатуваа и првите туристи кои имаа закупено аранжмани преку агенцијата Корендон, која за оваа сезона засега има предвидено да реализира 32 лета од Холандија за Охрид.
Извор: ohridpress.com