Семејство од Велика Британија бара фотограф кој 12 месеци ќе ги придружува на нивното патување околу светот и ќе се погрижи сите незаборавни моменти да бидат забележани.
Покрај тоа што ќе му бидат платени трошоците за патувањето, сместувањето и храната, среќникот кој ќе ја добие оваа работа ќе добие годишна плата од 90.000 евра.
Оваа понуда за работа ги изненади сите и доаѓа откако претходниот фотограф ја напуштил оваа работа поради лични проблеми со своето семејство.
Семејството поседува куќи ширум Европа, Северна Америка, Јужна Америка и Австралија – и планира истите да ги посети на ова патување, а фотографот секако ќе ги придружува во тоа.
Во склоп на патувањето ќе биде и следењето на F1 натпреварувањето во Монако, Њу Орлеанс и француските Алпи.
Кандидатот мора да исполни одредени услови
Како што пренесува Daily Mail, кандидатот мора да поседува работно искуство од минимум 5 години.
Исто така, ќе помине низ процес на интервјуирање каде ќе бидат целосно тестирани неговите вештини.
За крај, кандидатот ќе помине еден викенд со семејството по што ќе добие понуда за вработување, но само ако семејството увиди дека постои вистинска хемија помеѓу него и нив.
Од него се очекува да ради и до 10 часови дневно, а ќе има 30 дена годишен одмор.
Звучи како работа од соништата, зарем не?