![Следува период на натпросечно топло време- подгответе се за температури и до над 40 степени](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/31/72d8d313-resize-820x0x100.jpg)
Температурите ќе достигнат и до 40 степени. Во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Претходно, во следните денови ќе има период со мала умерена облачност, а во попладневните часови, особено во понеделникот, можен е и пороен дожд и грмежи.
Но, потоа се очекува дневните температури насекаде да бидат над 30 степени. Во средината на неделата, пак, наместа во југоисточните делови температурата ќе достигне и до 40 степени.
И кога е во прашање Скопје, прогнозите се слични како и за целата држава – нестабилно време во понеделникот, а најтопло кон средината на следната недела.