Имањето повеќе куќи од жители прави Јапонија да се соочува со несекојдневен проблем. Националниот инстиут за население предвидува до 2040 година да дојде до исчезнување на повеќе мали градови и села низ целата земја. Окутама е еден од градовите кој се предвидува до 2040 година да го снајде оваа судбина.
Ваквото "исчезнување" се должи на фактот што се повеќе млади ги напуштаат истите за да работат во големите градови. Подарувањето домови во областите кои се потенцијални места во изумирање е последниот обид за нивно спасување.
Иако звучи примамливо, сепак мора да се напомене дека постојат одредени услови. Новите сопственици мора да бидат помлади од 40 години, или да бидат пар со барем едно дете под 18-ет годишна возраст и барем еден партнер на возраст под 50 години.