![Портокалов аларм за жештина низ Македонија, за попладне се најавува невреме во овие делови од Македонија](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f8/d946988f-resize-820x0x100.jpg)
Денес поголемиот дел од земјата се уште ќе биде во портокаловата фаза за опасност од високи температури, предупредуваат од УХМР.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со услови за појава на град.
Околу 18:00 часот се очекува невреме да ги зафати скопската котлина, тетовско-гостиварскиот регион и кумановско-кратовскиот регион.