Новинарите на германскиот „Auto Bild“ составија листа на половни автомобили до 5000 евра кои се најсигурни во однос на дефекти и издржливост.
1. Alfa Romeo GT, 2003-2006 година, моќност од 140 до 240 коњски сили - 2500 евра
Модели како овој можете да пронајдете со километража под 200.000 и се прилично економични. Моделот „Alfa GT“ со две врати, создаден на платформата на моделот 156, е веројатно најелегантниот автомобил од оваа класа во овој ценовен опсег.
Колку е понова годината на производство, толку подобро, бидејќи првично неквалитетната изработка подоцна беше санирана. Може да имате проблем со цревото помеѓу турбополначот и интеркулерот на моделот JTD бидејќи треба често да се менува. Исто така, треба да се избегнува озлогласениот менувач Selespeed.
2. Kia Picanto, 2004-2011 година, моќност од 65 до 75 коњски сили - од 1300 евра
ESP беше воведен на автомобилот дури со „фејслифтот“ во 2008 година. Сепак, безбедносната електроника не беше стандардна, па при купувањето проверете дали ESP е навистина вклучен.
Ќе задоволи и со својата потрошувачка која не надминува 6 литри. Внимавајте на корозија, а може да дојде до дополнителни трошоци при менување на комплетот педали.
3. Audi А2, 1999-2005 година, моќност од 61 до 110 коњски сили - 2500 евра
Овој мал автомобил со целосно алуминиумска конструкција е повеќе баран по „фејслифтот“ во 2003 година со моќен дизел (90 коњски сили). Тој нуди пристојна удобност, а моторите се многу штедливи.
Обрнете најмногу внимание на сопирачките и суспензијата. Покрај тоа, квалитетот на изградба е солиден. За просечна цена од 3000 евра можете да добиете А2 со 200.000 км., кој, меѓутоа, е стар околу 20 години. Цените на резервните делови знаат да бидат високи.
4. Honda Jazz, 2008-2015 година, моќност од 80 до 120 коњски сили - 4000 евра
На многу тестови на половни возила со поминати 100.000 км. доби највисоки оценки.
Автомобилите Honda традиционално се мудар избор кога купувате половен автомобил поради нивната долговечност, но треба да проверите дали корозијата влијаела на суспензијата на автомобилот, а и задните сопирачки понекогаш може да предизвикаат проблеми.
5. Škoda Roomster, 2006-2015 година, моќност од 64 до 105 коњски сили - 2000-2500 евра
Има компактни димензии, економичен е и нуди многу простор во задниот дел.
Најдобро е да се избере атмосферски мотор од 1,6 литри со запчест ремен, што би било добро да се провери по 90.000 километри. Сопствениците на половни модели повремено пријавуваат зголемена потрошувачка на масло.