Германскиот Автомобилски Клуб (ADAC) спроведе мерења за тоа колку употребата на клима уред во автомобилот влијае на потрошувачката на гориво.
Благодарение на современите компресори за климатизација, влијанието врз потрошувачката на гориво и дополнителните трошоци полека опаѓа. Тестот покажал просечна дополнителна потрошувачка од 10 до 15 отсто, пренесува ХАК Ревија.
Областа каде што го возите вашиот автомобил исто така има големо влијание врз потрошувачката на гориво. Во градот потрошувачката е зголемена за околу 20 отсто, на отворени патишта (просечна брзина околу 100 км/ч) потрошувачката се зголемува за околу 6 отсто, а кога автомобилот работи но е во лер, потрошувачката се зголемува за цели 70 отсто.
Би можело да ве интересира: Дали спиете со вклучена клима? Веднаш прекинете, многу е опасно, а еве зошто
За помала потрошувачка на гориво, системот мора да ја регулира внатрешната температура колку што е можно понезависно, т.е. во автоматски режим (ако имате автоматска климатизација). Овој начин на работа е многу подобар, откри „ADAC“, отколку сами да ја одредувате моќта на дување на клима уредот.