CrowdStrike, голема компанија за сајбер безбедност, не работи по нејзиното последно ажурирање. Корисниците ширум светот пријавуваат грешка на платформата. Особено погодени се корисниците на Windows. Прекинот се случи ширум светот.
На Reddit, корисник по име BradW-CS објави: „Имавме широко распространети извештаи за BSOD на Windows хостови, кои се појавуваат на повеќе верзии на сензорот. Испитување на причината. ТA ќе биде објавен наскоро“.
Многу компании кои се потпираат на работа на компјутер и имаат Windows систем не се способни да работат. Авионите низ САД и Австралија се приземјени. Во неволја се и банките и продавниците, пишува Гардијан.
„Истражуваме проблем што влијае на способноста на корисниците да пристапат до различни апликации и услуги на Microsoft 365“, истакнаа од Microsoft.
We're investigating an issue impacting users ability to access various Microsoft 365 apps and services. More info posted in the admin center under MO821132 and on https://t.co/W5Y8dAkjMk
— Microsoft 365 Status (@MSFT365Status) July 18, 2024
Американската авиокомпанија „Фронтиер ерлајнс“ накратко ги суспендираше сите летови во четвртокот поради голем прекин на мрежите на Microsoft, пишува NY Times.
ТВ и радио станиците исто така не работат или работат тешко, пренесува ABC News.
I am aware of a large-scale technical outage affecting a number of companies and services across Australia this afternoon.
— National Cyber Security Coordinator (@AUCyberSecCoord) July 19, 2024
Our current information is this outage relates to a technical issue with a third-party software platform employed by affected companies.
Националната координаторка за сајбер безбедност на Австралија, Мишел Мекгинис, зборуваше на платформата Х, велејќи дека проблемот се истражува, но дека во моментов нема информации дека се работи за инцидент со сајбер безбедност.
Според Digit.in, проблемот настанал поради системот за заштита што го користи Windows и затоа проблемот настанал на глобално ниво.