Во ек на летна сезона големи гужви на граничните премини во Македонија.
Редици возила чекаат на влез на граничниот премин Евзони во Грција. Причина е пад на компјутерскиот систем на граничниот премин.
Во моментов создадена е долга колона на патници кои чекаат да ја преминат границата.
Според информациите кои се објавуваат на социјалните мрежи, се чека и по повеќе од три часа.
Во моментов ништо подобра не е ниту состојбата на преминот Дојран, таму за влез и за излез од државата се чека над два часа.
Долги колони има и на граничниот премин Прешево, на влезот од Србија кон Македонија.