Традиционалното тајландско јадење Кои Пла, одговорно за смртта на 20.000 луѓе секоја година, е споменато во бројни научни студии, бидејќи само еден залак може да предизвика смртоносна болест.
Се состои од мелена сирова риба, сок од лимон, билки и зачини. Но, оние кои уживаат го ризикуваат својот живот. Смртта не е моментална, туку постепена бидејќи предизвикува инаку редок карцином на жолчните канали или холангиокарцином.
Најпроблематичната компонента на јадењето е паразитот кој живее во слатководните риби од сливот на Меконг и често е заразен со него. Станува збор за вид на метил, што е најбројна група рамни црви кои водат паразитски начин на живот. Сепак, одамна е познато дека овие паразити предизвикуваат еден од најагресивните видови на рак.
Според податоците од Оддита Централ, најголемата тајландска провинција Исан, каде што Кои Пла е многу популарно, е област со најмногу пријавени случаи на холангиокарцином во светот.
Би можело да ве интересира: Зошто не треба да пиете ракија пред јадење?
Нарон Хунтикео, хирург од тајландскиот универзитет „Кон Каен“, спроведе опсежни тестови меѓу жителите на покраината, кои покажаа дека дури 80 отсто се заразени со метил. Иако не заболуваат сите од рак, ризикот од развој на болеста е голем.
Сепак, локалното население не се откажува. Тие веруваат дека готвењето риба го уништува вкусот и не се справуваат со проблемот додека не се појави.