Изминатиот викенд во прекрасниот хотел Lake View во Маврово Финансиското друштво М Кеш ја одржа својата 5-та Национална Трговска Конференција, под мотото -"Работиме заедно – Успеваме заедно" !
Конференцијата, во која учествуваа членовите на тимот на М Кеш, се одржа со спектакуларен поглед на Мавровското езеро и живописната околина, создавајќи неповторлива атмосфера исполнета со возбуда, изненадувања и инспиративни моменти.
На конференцијата беше опфатен еден краток времеплов на континуиран позитивен прогрес на компанијата, што претставуваше одлична прилика за анализа на досегашните успеси и дефинирање на нови, амбициозни цели за во иднина.
Објавените значајни новости за вработените, внесоа нова динамика, мотивирајќи ги и означувајќи почеток на ново поглавје во развојот на компанијата, отворајќи пат кон поголеми достигнувања и иновации.
Посебно внимание беше посветено на гостин говорникот – Михаил Китановски, кој со својот моќен говор за вредностите на интегритетот пренесе инспиративна порака. Неговите зборови беа потсетник за основните принципи кои ја водат компанијата кон успех, нагласувајќи ја важноста на интегритетот во сите аспекти на работата и животот. Денот беше дополнет со летната караванска игра CornHole, која обезбеди фантастична можност за тимско поврзување и дружење, внесувајќи свежа енергија и натпреварувачки дух. На крајот, конференцијата беше завршена со спектакуларно пуштање на црвени M Cash балони, што создаде величествена слика на небото, симболизирајќи ја издржливоста, страста и енергијата на тимот. Ова беше силен потсетник на колективната сила и визија на компанијата. Оваа конференција е уште една потврда за посветеноста на М Кеш кон заедничкиот раст и успех. Со продолжување на истата посветеност и енергија, М Кеш продолжува да гради на своите постигнувања и да се движи кон нови, неверојатни достигнувања.