За некој да биде одбран за натпреварувањето потребно е да ги убеди лидерите на оваа компанија дека токму тие се оние кои треба да бидат избрани, а тоа ќе го направат со креативна фотографија.
Компанијата "Vitaminwater" нуди награда од 100.000 долари за лицето кое ќе се откаже од паметните телефони и таблети на една година.
Оваа компанија смета дека откажувањето од овие уреди е голем предизвик за модерниот човек во денешно време.
Правилата на ова натпреварување наложуваат заинтересираните натпреварувачи на Твитер или Инстаграм да објават фотографија со хаштаг #nophoneforayear и #contest и на тој начин да пристапат до големиот глобален предизвик.
Одбраната личност ќе мора да потпише договор според кој ќе се откаже од користењето на паметни телефони и таблети на 365 дена.
Предизвикот засега звучи едноставно, меѓутоа, за некој да биде избран за натпреварувањето потребно е да ги убеди челните луѓе на оваа компанија дека токму тој треба да биде избран, а тоа ќе го направи со креативна фотографија.
Сите заинтересирани може да се пријават на натпреварувањето до 8-ми јануари, а компанијата ќе ги објави имињата на натпреварувачите на 22-ри јануари.
Од компанијата истакнале дека одбраните натпреварувачи ќе имаат право на користење на мобилен телефон со технологија од 1996-та година и дека на тој начин ќе ја задржат секојдневната комуникација.
"Сметаме дека на луѓето им се нанесува голема штета од секојдневното гледање во паметните телефони и ова може да биде можност за поединци да го зголемат квалитетот на своето време", рекла менаџерката на компанијата, Наталија Суарез.
извор: tocka.com.mk