Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, освои златен медал на Олимписките игри во Париз победувајќи го Карлос Алкараз со резултат 2:0 (7:6, 7:6). А за својот успех ќе добие и голема парична награда од својата земја
Успехот со кој Новак Ѓоковиќ со полно право стекнува право да се нарече најдобар тенисер на сите времиња.
Новак Ѓоковиќ со освојувањето на златниот медал заработи и огромни 200.000 евра што ги дава државата Србија, што е прилично убав износ.
Исто така, освен еднократната парична награда, Новак Ѓоковиќ за себе заработи и национална пензија која ја имаше и од порано како освојувач на Дејвис Купот, меѓутоа, овој пат таа ќе биде значително поголема затоа што дојде до најсјајниот можен медал.
Правилото вели дека со освојувањето на златен медал, тој за себе заработи и национална пензија која изнесува три пати зголемена просечна нето плата од декември претходната година (во овој случај 2023).
Со други зборови, Новак Ѓоковиќ со овој златен медал стекнува право на национална пензија од 252.681 динари до крајот на животот односно 2160 евра месечна пензија