
Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со појава на попладневна облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието велат од УХМР. Повремено и особено на крајот од работната недела ќе има услови во планинските подрачја за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.