Што се случува кога човекот доаѓа во чувствителното доба од 40 години? Време е за промена. А за сите оние кои не знаат како да се променат, нека го прочитаат овој текст.
Средната возраст настапува кога личноста ќе наполни 40 години. Време е за промена. Времето кога доаѓаме до раскрсницата на животот.
Меша Селимовиќ тоа го опиша вака: „Имам четириесет години, грдо доба: човекот е уште млад за да има желби, а веќе стар за да ги оствари. Тогаш се гаси немирот кај сите, како би станал силен преку навиките и стекнатата сигурност во немоќта која претстои. А јас дури сега го правам она што требаше многу порано, во бујниот цут на телото, кога сите безбројни патишта се добри, а сите заблуди корисни колку и вистината. Штета што немам десет години повеќе па староста да може да ме чува од бунтовност, или десет години помалку – за да ми биде сеедно. Бидејќи со триесет години си млад, така мислам сега, кога неповратно се оддалечив од неа, младост која не се плаши од ништо – па ниту од себеси.“
За да не се чувствувате сите како да сте на крајот од патот, време е да се промените себе. Направете го тоа на начинот кој го прави еден орел.
Што прави орелот кога ќе наполни 40 години?
Кога ќе наполни четириесет години неговите долги и еластични канџи повеќе не можат да ловат плен, а со тоа не можат ни да се исхрануваат.
Митот за орелот кој започна да кружи и на Интернет е стар исто толку колку што постои оваа моќна птица. Се пренесувал од колено на колено симболички објаснувајќи го созревањето на човекот. Порано човекот живеел во многу поголема хармонија со природата, а созревањето, животот и смртта тогаш можеле да си ги објаснат само преку митовите и легендите.
Според овој мит, орелот, таа моќна птица просечно живее речиси исто колку и човекот но само доколку го помине патот на болното умирање и повторното раѓање. Не е многу поинаку ни со човекот. Негде кон четириесеттите, ако не и порано, и орелот и човекот се одлучува по кој пат ќе тргне, кон прерана смрт или кон долг живот.
Орелот има најдолг животен век помеѓу птиците.
Кога ќе наполни четириесет години неговите долги и еластични канџи не можат веќе да го ловат пленот, а со тоа ќе нè може ниту да се исхранува. Неговиот долг и остар клун се извиткува, се троши. Крилјата не го служат како некогаш.
Тогаш на орелот му преостануваат само две опции – или да умре или да помине низ болен процес на промени кој трае 150 дена. Тој процес од орелот бара да одлета на врвот на некоја планина. Тука орелот клука по карпите додека клунот сосема не му отпадне. Откако клунот ќе му отпадне, орелот чека да му порасне нов, па со новиот клун си ги вади старите канџи. Кога ќе му пораснат нови канџи тој со нив започнува да ги кубе старите пердуви и да чека да му пораснат нови. Така, по пет месеци, орелот тргнува во летот на повторното раѓање и живее уште 30 години.
Митот за орелот всушност зборува за промените кои се случуваат речиси кај секого од нас во одредена животна доба.
Многу пати, за да си го подобриме животот мораме да започнеме процес на промени. Треба да се ослободиме од некои лоши сеќавања, штетни навики, лоша околина и ослободени од товарот на минатото и со зајакната надеж подобро да ја искористиме сегашноста.