ЈСП Скопје известува дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богордица (Голема Богородица), на ден 28.08.2024 година (среда), ќе се работи по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.
„На ден 28.08.2024 година (среда), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
- Транспортен центар;
- Ѓорче Петров; и
- Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот“, се вели во соопштението на ЈСП.