Ворен Бафет, еден од најуспешните инвеститори во светот, навел 12 работи на кои луѓето непотребно трошат пари, а потоа брзо остануваат без истите.
Тој верува дека со решавање на овие финансиски замки секој може да донесе подобри одлуки со цел покорисно да ги искористи парите што ги заработува, пишува „Yahoo Finance“.
Занемарување на личниот развој
Според Бафет, најдобрата инвестиција која човек може да ја направи е да инвестира во себе. Подобрувањето на вештините и образованието може да го зголеми потенцијалот за заработка, а знаењето и вештините се средства кој никој не може да ви ги одземе.
Потпирање на кредитни картички
Кредитните картички можат да бидат корисни, но високите каматни стапки можат да ги засенат сите погодности. Бафет советува да се користат кредитни картички што е можно помалку за тоа да не доведе до долгови.
Посета на барови и пабови
Социјалните активности како опивање во барови може да ги зголемат трошоците. Изборот на подостапни социјални собири, како што се домашните собири, може значително да придонесе за заштедата.
Купување на најнова технологија
Новите гаџети можат да бидат примамливи, но минатогодишните модели служат исто толку добро. Бафет се придржува до функционалната, а не „блескава“ технологија и напоменува дека е важно да се процени дали најновите надоградби навистина додаваат дополнителна вредност за цената.
Прекумерно трошење на облека
Бафет, заедно со другите милијардери, се наклонува кон едноставноста во својата гардероба. Изборот на класична, издржлива облека наместо скапи брендови може да резултира со значителни заштеди.
Купување нови автомобили
Автомобилите се познати по брзата амортизација. Бафет препорачува да се купуваат половни автомобили и да се чуваат додека се доверливи, наместо да се купуваат нови модели.
Неискористено членство во теретана
Иако милијардерот пропагира активен животен стил, тој предупредува дека многу луѓе плаќаат членство во теретана, а никогаш не вежбаат во неа. Бесплатните или евтини фитнес рутини, забележува тој, можат да бидат исто толку ефикасни ако се практикуваат редовно.
Непотребни претплатнички услуги
Претплатничките услуги, доколку не се следат внимателно, може да станат финансиска загуба. Бафет ги советува луѓето редовно да проверуваат за што плаќаат претплата и да го прекинат тоа ако тоа не им пружа никаква корист.
Преголемо потпирање на производи за нега на кожа
Тој тврди дека многу луѓе прекумерно користат или трошат непотребно на производи за нега на кожа. Пронаоѓањето на едноставна и ефикасна рутина може да ви заштеди многу пари, а со неа да ги постигнете истите резултати.
Редовни ноќни излегувања
Иако дружењето е важно, честите ноќни излегувања можат да бидат значителен трошок. Изборот на подостапни алтернативи како готвење дома и филмски вечери може значително да ги намали трошоците.
Коцкање
Додека коцкањето може да изгледа како скратен пат до богатство, Бафет ја нагласува важноста да се разбере колку е веројатно да се освои некоја добивка. Тој ги охрабрува луѓето да донесуваат финансиски одлуки кои одат во прилог на нивното долгорочно акумулирање на богатство, а не на непосредни возбудувања.
Пушење цигари
Освен здравствените последици, пушењето е скапа навика. Прекинувањето на оваа навика може да резултира со значително зголемување на сумата на вашата лична сметка.