![Државата е немоќна против дивите таксисти во туристичките места - Еве на што треба да внимавате!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a0/d2a8430a-resize-820x0x100.jpg)
Познатиот туристички водич Спасе Манев, со препораки, како туристите да се спасат од измамите на дивите таксисти, во екот на туристичката сезона.
- Како и секое туристичко место во светот, така и Македонија има проблем со дивите таксисти и нереалните цени за превоз. Многу диви таксисти ќе сретнете во туристичките места како Охрид, Струга и Скопје, но и на некои други места. Проблемот е што државата е немоќна против нив. Но не само во нашата држава, туку ова е пракса и во многу други земји, вели тој во својата објава објавена во фејсбук групата „Патувања низ Македонија“.
Тој упати и неколку совети до сите кои во иднина сакаат да одат со такси до некоја дестинација:
- Не фаќајте такси на улица, туку зачувајте си неколку броеви од такси компании и кога ќе ви треба превоз, јавете им се.
- Доколку таксито нема таксиметар, не се возете со тоа такси.
- Иако има такси станици на неколку локации во градовите, таму знаат да чекаат и диви таксисти.