Ангажманот на Џони Деп како капетанот Џек Спероу дојде до самиот крај, откако денеска од студиото Disney потврдија дека го раскинале договорот со популарниот актер. Беше потврдено дека и понатаму ќе има нови филмови од франшизата „Pirates of the Caribbean“, но без Џони Деп во главната улога.
Продукцискиот директор на Disney, Шон Бејли, најави дека во блиска иднина ќе следува римејк на „Pirates of the Caribbean“, кој ќе биде напишан од дуото сценаристи на хитот „Deadpool“ – Пол Верник и Рет Рис.
Миленикот на публиката и најзаслужниот за популаризирање на оваа франшиза, актерот Џони Деп, повеќе нема да се појавува во улогата на капетанот Џек Спероу, откако денеска беше официјално потврдено дека неговиот договор е раскинат.
„Сакаме да внесеме свежина и виталност во оваа франшиза. Ги сакам старите делови со Џони Деп, но сакаме да пробаме со нешто ново, па затоа (Пол) Верник и (Рет) Рис ќе ја преземат задачата на пишување на сценариото за новиот филм“, рече Бејли.
Џони Деп беше во улогата на Џек Спероу полни 14 години, во кои сними пет филма. Оваа франшиза во текот на тоа време заработи 4,5 милијарди долари, со што стана 12-тата највредна франшиза на сите времиња.
kajgana.com