![Ќе „паднат“ ли цените на околу 2.500 производи?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/38/cd734d83-resize-820x0x100.jpg)
На близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, се очекува цените да бидат намалени за 10 отсто.
Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата.
Денеска завршува преодниот период рок на Законот од 6 месеци за да ги усогласат договорите со одредбите на овој закон добавувачите и купувачите кои склучиле договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи до денот на влегување во сила на овој закон. Во спротивно, тие договори ќе станат ништовни.