![Безбедна и исправна за пиење е водата во Скопје](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/92/9c382a29-resize-820x0x100.jpg)
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 7 октомври 2024 до 10 октомври 2024 година сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
За анализа биле земени 168 примероци за физичко-хемиска и 168 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 52 мерни места во Град Скопје.
Извор: mkd.mk