Коефициентот на интелигенција на тинејџерите може на необичен начин да ја предвиди нивната склоност да пијат алкохол подоцна во животот, а научниците сè уште не знаат зошто.
Нова студија, објавена во списанието „Алкохол и Алкохолизам“, на претежно бели мажи и жени во САД, покажа дека колку е поголем резултатот на тестот за интелигенција на една личност во првата година од средно училиште, толку е поголема веројатноста дека тие подоцна, во зрелоста често ќе конзумираат алкохол.
Во анализата, резултатите од тестовите за интелигенција, кои ја мерат општата интелигенција на една личност, може да предвидат дали тинејџерите во средните години ќе имаат поголема веројатност да станат консументи на алкохол отколку апстиненти, иако не можеа да предвидат дали нивното конзумирање ќе биде умерено или прекумерно
За жените, умерено консумирање се дефинира како помалку од 29 алкохолни пијалоци месечно, а за мажи помалку од 59 пијалоци. Сè што е над тоа се смета за прекумерно консумирање.
Инаку, според Светската здравствена организација (СЗО), умерено консумирање алкохол се смета до два пијалаци дневно за мажи, а до еден пијалок за жени. Во зависност од видот на алкохол, под еден пијалок се подразбира 150 мл вино (околу една чаша) или 355 мл пиво (околу една лименка) или 44 мл жесток алкохол.
Резултатот е особено интересен бидејќи бројни претходни истражувања покажаа спротивна врска кога станува збор за проблемите со алкохолот и зависноста од алкохол.
Извор: „Индекс“