Од петокот вечерта не функционира сајтот на Јавното сообраќајно претпријатие, каде граѓаните најчесто проверуваа возен ред за да проверат кога им пристигнува автобусот.
Оваа информација ја доби редакцијата на Фактор, по реакција на неколку корисници на јавниот градски превоз.
Сега, како што велат граѓаните, приморани се да чекаат на постојките или да симнуваат апликации како ЈСП Лајв за да проверат во реално време каде е автобусот што им е потребен.
Револтирани се и гневни.
Екипата на Фактор веќе некое време се обидува да пристапи на официјалната страна на претпријатието, но безуспешно. Од телефон, од компјутер, пристап нема.
Екипата на Фактор ѕвонеше на неколку телефонски броеви на кои ѕвонеле и граѓаните за да проверат зошто не функционира страната, но не добивме никој.