Во Србија една четвртина од вработените би прифатиле помала плата само да работат од дома.
Околу 23 отсто од вработените кај северниот сосед би прифатиле намалување на заработувачката за да се задржи можноста за работа од дома, покажале резултатите од истражувањата спроведени од платформата Осигуралинк, во соработка со Инфостуд.
Резултатите покажале дека 65 отсто од помладите испитаници се подготвени да бараат нова работа ако работодавачот ја укине можноста за работа од дома, а повозрасните испитаници не се спремни за тој ризик, пренесува „Политика“. Околу 26 отсто од вработените во државата имаат можност да работат на далечина. Околу 2 отсто можат да работат само од дома, 6 отсто работници избираат таква работа без ограничувања, а 18 отсто можат да работат од дома само во одредени ситуации. Во истражувањето учествувале 744 менаџери и сопственици на претпријатија и 2.710 вработени. Македонија и Србија имаат и голем број фриленсери кои работат од дома.
Извор: faktor.mk