Пронаоѓањето на работа, особено ако се наоѓаме во потрага за нашата првата работа, може да изгледа како прилично тежок предизвик. Но, во исто време, со правилен пристап, може да претставува интересно искуство.
Но, многумина од нас паѓаат во замката на вообичаените грешки.
Во продолжение ќе ги споделиме 5 најчести грешки што ги правиме при барањето работа, како и корисни совети како да ги избегнеме:
1. Испраќање на CV насекаде
Многумина испраќаат исто CV и мотивациски писма на адреси на голем број работодавци. Без разлика на тоа каква работа бараме, во која индустрија е работодавецот и дали се пријавуваме за конкретна огласена позиција или за отворена апликација. Наместо на квантитет, фокусирај се на квалитет. Прилагоди го своето CV и мотивациско писмо за секоја позиција за да ги истакнеш своите вештини и искуства и да му објасниш на работодавецот зошто си токму ти вистинскиот избор за неговиот тим.
2. Без вмрежување, нема нови можности
Вмрежувањето, односно networking, не е само за изразени екстровертни личности кои бараат нови бизнис контакти. Преку вмрежување можеш да споделиш информации, знаење и искуства со други, но и да добиеш корисни совети и информации. Исто така, со тоа добиваш пристап до бизнис можности, партнерства и потенцијални клиенти.
3. Запоставување на професионалниот развој
Прекумерното фокусирање на барањето работа често доведува до запоставување на нашиот личен раст. За да го спречиме ова, важно е да го искористиме слободното време за учење на нови вештини, одење на курсеви или учество во волонтерски активности кои ќе ни помогнат во понатамошниот развој на кариерата.
4. Неподготвеност за интервју
Недоволна информираност за работодавецот и барањата на самата позиција, избор на погрешна облека и доцнење се само некои од грешките што ги правиме пред и за време на интервјуто за работа. Пред интервјуто, избери соодветна и професионална облека и размисли за начинот на кој ќе стигнеш на местото на состанокот, за да бидеш сигурен/на дека ќе стигнеш 10-15 минути порано. Подготви одговори за вообичаените прашања, како и за оние што се релевантни за индустријата или позицијата. Исто така, важно е да размислиш за прашањата кои можеш да ги поставиш на работодавецот за да покажеш интерес и ентузијазам за компанијата или улогата.
5. Губење мотивација по одбивка
Губењето мотивација после неколку неуспешни апликации за работа може значително да влијае на нашата мотивација да продолжиме со барањето работа. Кога ќе се соочиме со одбивање, може да се појави чувство на несигурност и недостиг на самопочит. Сепак, наместо да дозволиме да нѐ демотивира, важно е да го гледаме одбивањетокако прилика за учење и напредок.
Клучно е да побараме повратни информации од работодавците за да ги разбереме причините за одбивањето и да ги идентификуваме областите на кои треба да работиме. Исто така, важно е да се потсетиме дека тоа не ја одразува нашата вредност или способности, и треба да продолжиме со позитивен став во барањето работа, бидејќи секоја нова можност може да биде чекор поблиску до нашиот цел.
Извор: mojposao.hr