Од 15 ноември, петок, според Правилникот за задолжителна зимска опрема на возилата, велосипедите, запрежните возила и тракторите, сите возила мора да бидат опремени со зимска опрема. Оваа обврска важи до 15 март.
За возила со тежина до 3.500 кг, зимската опрема подразбира: зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм; lетни пневматици на сите четири тркала со длабочина на шарите од 4 мм, ако возилото има синџири за снег.
Возилата над 3.500 кг мора да имаат: zимски пневматици на погонските тркала со длабочина од 6 мм; lетни пневматици со длабочина од 4 мм и синџири за снег, а во некои случаи и лопата како прирачен алат.
Пневматиците кои се сметаат за зимски имаат ознаки како „MS“, „M+S“ или знак на снегулка со планина. Според законот, возачите немаат дозвола за користење на пневматици со клинци.
Ако не се се поседува зимска опрема во овој период (од 15 ноември до 15 март) полициските службеници ќе наредат запирање на возилото, а казната за непочитување изнесува 45 евра во денарска противвредност, а возачот ќе добие и 25 негативни бодови.
Извор: mkd.mk