Неодамна спроведеното меѓународно истражување за преговорите за плати, открива интересни согледувања од над 24.000 учесници од девет земји (Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија, Латвија).
Истражувањето се однесуваше на прашањето: Кога менувате работно место за каква плата преговарате?
Најголемиот дел од испитаниците (две третини) побарале поголема плата од претходната. Секој четврти испитаник (во просек 28%) барал иста плата, додека помал дел од испитаниците (еден од десет) дури побарал и пониска плата од претходната.
„Додека испитаниците од Балтикот и Балканот се слични во овој поглед, испитаниците од Чешка и Словачка се малку посклони да бараат и пониски (11%) и исти (30%) плати во споредба со претходното работно место„Мажите (66%) е поверојатно да побараат поголема плата во споредба со жените (62%), додека жените се повеќе склони од мажите да прифатат иста плата како претходното работно место.“
Испитаниците со повисоки плати имаат поголема веројатност да побараат зголемување на платата при преговори и се помалку склони да прифатат иста или пониска плата. Три од четири испитаници со високи плати односно 77% барале поголема плата на интервју; една петтина (18%) побарале иста плата, додека само 6% побарале пониска плата од претходната.
Додека пак кај оние со ниска плата, 44% од нив се подготвени да работат за иста сума какако и на претходното место а 46% се подготвени да побараат покачување. А само 11% би се согласиле да работат и за пониска плата од таа што ја имале.
Каков е соодност на мажи и жени при барање поголема плата
Покрај тоа што се посклони да бараат поголема плата, мажите, во просек, бараат и поголемо зголемување. Меѓу испитаниците кои побарале поголема плата, еден од три мажи (34%) побарале зголемување од 20% во споредба со претходната плата, додека една од четири жени побарале иста плата. Благо зголемување до 10% побарале 39% од мажите и половина од жените (51%).
Причини за барање поголема плата
Најважната и најчеста причина за барање поголема плата е доволното искуство и самовреднување (41%). Инфлацијата како фактор ја спомнале 29% од испитаниците, додека една четвртина (25%) навеле дека барале повисока плата бидејќи се преместувале на повисока позиција.
Иако причините за барање поголема плата се слични без разлика од кој регион доаѓаат испитаниците, преместувањето на повисока позиција е нешто почеста причина кај испитаниците од Балтикот, како и инфлацијата. Од друга страна, испитаниците од Југоисточна Европа се малку посклони да бараат повисока плата поради зголемено искуство и знаење.
Барање пониска плата
Двете главни причини поради кои испитаниците бараат пониска плата се промена на полето на работа (24%) и фактот дека пониската плата била наведена во огласот. Третата најчеста причина, која ја споменале една петтина од оние кои навеле дека побарале пониска плата, е дека имале релативно висока плата на претходното работно место, која не било реално да се очекува повторно.
Разлики помеѓу мажите и жените при барање пониски плати
Мажите и жените имаат различни причини за барање или прифаќање на пониска плата. Кај жените, главните причини се тоа што платата била однапред наведена во огласот за работа (27%) и промена на полето на работа (26%). Кај мажите, пак, првите две причини се промена на полето на работа (23%) и тоа што претходно имале висока плата (22%), што не е реално да се очекува повторно на новото работно место.
Оваа разлика меѓу половите е најзначајна; мажите се посклони од жените да прифатат пониска плата затоа што имале висока плата на претходната работа, што е тешко повторно да се постигне.
Барање на иста плата
Главната причина поради која платите на испитаниците остануваат исти при премин на ново работно место е тоа што ја прифатиле платата која била наведена во огласот за работа (43%). Речиси една петтина од испитаниците (18%) ја промениле областа на работа и не побарале повисока плата, додека ист процент (18%) биле повеќе фокусирани на промена на работното место отколку на износот на платата.
Проблемот со различно финансиско надоместување за иста работа меѓу мажите и жените
Прашањето за различна плата за иста работа помеѓу мажите и жените зависи од тоа кого ќе прашате. Мажите генерално не го сметаат ова за проблем, при што речиси половина од нив (47%) веруваат дека тоа воопшто не е проблем, а уште една третина (32%) сметаат дека е проблем, но не значаен.
Од друга страна, мнозинството жени го гледаат ова како значаен проблем (42%), додека една третина (34%) сметаат дека е проблем, но не толку голем. Само 24% од жените веруваат дека ова прашање воопшто не е проблем.
Проблемот со различната плата помеѓу мажите и жените според регионот
Проблемот со различната плата за иста работа помеѓу мажите и жените е поизразен (или барем така го перцепираат испитаниците) во Централна и Северна Европа отколку во Југоисточна Европа т.е Балканот
Повеќе од половина од жените во Централна Европа и Балтикот сметаат дека нееднаквата плата е значаен проблем, додека помалку од една третина (31%) од жените во Југоисточна Европа односно Балканот го делат ова мислење. На Балканот, поголем процент на жени (36%) отколку во другите региони (13% и 15%, соодветно) веруваат дека нееднаквата плата не е проблем воопшто.
Разликата не е присутна само кај жените; мажите на Балканот исто така почесто го сметаат ова прашање за неважно, а помал број од нив отколку во другите делови на Европа веруваат дека нееднаквата плата е значаен проблем.
Заклучок
Жените, во просек, имаат пониски плати од мажите и природно го перципираат прашањето за нееднаквост во платите како значаен проблем во поголем степен. Сепак, разликите во платите не можат целосно да се припишат на различното однесување на мажите и жените при промена на работата, бидејќи разликите во тоа колку бараат поголеми плати на интервју се минимални.
За истражувањето
Истражувањето е спроведено во текот на октомври и ноември 2024 година во девет земји на Alma Career: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Чешка, Словачка, Естонија, Литванија и Латвија преку Paylab, меѓународна платформа за истражување на плати која собира информации за приходите и бонусите на вработените на различни позиции.
ЗА ALMA CAREER
Alma Career во Македонија работи преку брендот Vrabotuvanje.com.mk нудејќи водечки решенија за регрутација и информации за плати на македонскиот пазар. За повеќе информации посетете ја локалните веб-страница: Vrabotuvanje.com.mk
Alma Career е дел од Alma Media Group, водечка медиумска компанија со присуство низ Централна и Источна Европа. Повеќе информации за Alma Media можете да најдете тука.