![Времето денес: Променливо облачно, наместа дожд, на планините снег](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d1/bfcd731d-resize-820x0x100.jpg)
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно со умерен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Според УХМР, во деновите од викендот и во почетокот на следната недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Извор: 24.mk